Вести

Во рамките на 8-миот форум на анестезиолози во Белград кој се одржа од 15-ти до  17-ти септември 2023 год., на покана на Српското лекарско друштво, за прв пат беше репрезентативно претставена и ЈЗУ  Клиничка болница од Битола преку стручна презентација на Др. Сотир Николовски, раководител на Службата за анестезија, реанимација и интензивно лекување, на темa: Ултразвучно дадени периферни нервни блокови како анестезиолошка техника на избор за обострана ампутација на стапала - приказ на случај.

Оваа анестезиолошка техника е новина во нашата болница, после едукацијата во странски центри на Др. Николовски и истата се применува од 2022 год, од кога до денес се направени околу 50 интервенции на ваков начин.

Презентација на Др.Сотир Николовски - Раководител на Службата за анестезија, реанимација и интензивно лекување

Периферните нервни блокови водени под ултразвук, претставуваат релативно нова анестезиолошка техника, при која пациентот за време на хируршката интервенција е буден, контактибилен, а притоа не чувствува никаква болка, ниту за време на процедурата, ниту во постоперативниот период кој во зависност од техниката и изборот на лековите, може да трае од 12 до 24 часа. Интервенциите со помош на ултразвук ја прават оваа процедура комплетно безбедна, како поради директната визуелизација на ултратанката ехосоногена атрауматска игла и анатомските структури, така и поради минималните дози локален анестетик, со што се постигнува максимален ефект, а можните компликации од процедурата се сведени на минимум.

Ултразвучно дадените периферни нервни блокови како анестезиолошка техника имаат бројни предности.

Тоа се златен стандард во сите поголеми западноевропски трауматолошки и ортопедски центри, при изведување операции на екстремитетите.

Бенефитот од оваа анестезиолошка техника е огромен за пациентите.

Особено е значаен бенефитот кај пациенти со бројни коморбидитети како и кај пациенти кај кои постои ризик од општа или спинална анестезија или кај пациенти кај кои се изведува еднодневна хирургија, бидејќи по примената на оваа процедура, пациентот по хируршката интервенција може да си оди дома доколку ги исполнува критериумите за безбедно напуштање на болницата.

Смален е бројот на инфекции, реадмисии , хоспитализации ,како и принципите за рана рехабилитација и брзо постоперативно опоравување,а пред се огромното задоволството на пациентот, без рестрикции за внес на храна,течности и активности.

Исто така во споредба со класичната општа анестезија, утврдено е дека трошоците за лекови и потрошен материјал до пет пати се намалени кај пациентите кои биле третирани со периферни нервни блокови место пациентите кои примиле општа анестезија за време на хируршкиот третман.

Сподели:

Клучни зборови: Презентација, Др. Сотир Николовски, САРИЛ