Болничка аптека со инфузиони раствори

Болничка аптека


Болничка аптека со инфузиони раствори


Историја

Болничката фармација е специјализирано подрачје на фармацијата, кое претставува интегрален дел од здравствената грижа на пациентите во зравствените установи.

Болничката фармација, како област на фармацијата, има долга традиција во Битола. Во XIX век Битола претставува центар на економскиот и политичкиот живот во Македонија. Низ архивските материјали од тој период се наоѓа богата документација за здравствената служба и здравствената состојба од тој период, како и за зачетоците на болничката фармација. Една од најголемите болници од тој период во Западна Македонија е битолската цивилна болница “Благовештение”, во чии рамки работи аптека во која се вработени аптекари. Во неа бесплатно се издаваат лекови за сиромашните членови на општината, како и за хоспитализирани пациенти.

Болничката аптека како посебна единица се издвојува во 1994 година и е во состав на болницата. Како таква функционира и денес.


Основна Дејност

Основната дејност на болничката аптека ги опфаќа следните активности: набавка, прием, складирање, чување и издавање лекови и помошни лековити супстанции, медицински потрошен материјал, медицински инструменти, средства за дезинфекција, медицински помала и импланти, дијагностички и рентген материјали, хемикалии, изработка на магистрални и галенски препарати за потребите на одделенијата.

Во работните задачи на болничките фармацевти, како дел од целосниот процес на управување со лековите во болницата, спаѓаат и контролата на препишувањето на лековите, односно следењето на потрошувачката на лекови, медицински потрошен материјал, изведување на фармакоекономски анализи за потребите на болницата и учество во работата на болничкиот терапевтски комитет.


Фармакоинформативен центар

Во рамките на Болничката аптека е и Фармакоинформативниот центар конституиран во 2007 година, чиј носител е магистер фармацевт, специјалист. Овој центар обезбедува информации од областа на литературата, како и фармакотерапијата. Фармацевтите специјалисти спроведуваат едукција на ученици, студенти, дипломанти и практиканти во областа на болничката аптекарска пракса.


Високо едуциран кадар

Стручниот персонал е активно и контиунирано вклучен во едукација, информирање од областа на клиничката фармација, фармакоинформатиката, следењето на несакани реакции на лекови и евиденцијата на се она што е потребно за правилно функцонирање на работата. Членови се на Македонската асоцијација на фармацевти, како и на Европската асоцијација на фармацевти. Болничката аптека располага со високо едуциран кадар, и тоа:

1
Специјалист магистер по фармација
2
Магистри по фармација
1
Специјалист фармацевт
4
Дипломирани фармацевти
2
Фармацевтски техничари
1
Материјален книговодител
1
Хигиеничар