
Интерна медицина
Службата за Внатрешни заболувања и Хирушката служба се најстарите болнички служби во Битола. Во 18-ти век првата цивилна болница беше организирана со две служби, интерно и хирушко.
Кон крајот на 19-тиот и почетокот на 20-тиот век во Битола работеа интернистите д-р Тома Авраси, д-р Илија Аздарис, д-р Александар Дума и други.
Во 1944 година на чело на Интерното одделение беше поставен битолчанецот д-р Благој Петков, специјалист по интерна медицина.
Во 1945 година од Скопје бил испратен интернистот д-р Хаим Абраванел. Набргу потоа пристигнале млади лекари како: д-р Јован Калаузи, д-р Ристо Бакалинов, д-р Мирослав Радојковиќ, д-р Димитар Хрисоко и други.
До интеграцијата во интерното одделение работеле 3 лекари специјалисти и 3 лекари на специјализација, 7 медицински сестри и 6 лица помошен персонал. Во одделението имало 20 болнички кревети. Покрај стационарот, во состав на одделнието работел и: ЕКГ кабинет, оддел за алерголошко тестирање и хиперсензибилизација, како и интернистичка амбуланта.
До 1969 година во одделението работеле и: д-р Велко Јовановски, д-р Васил Прчков, д-р Јован Патчев, д-р Димитар Секуловски и д-р Јован Аврамовски.
Заради актуелни потреби, како и со преселувањето во новата болница, била донесена одлука во Интерното одделение да се формира Коронарна единица, која ќе овозможи поквалитетна нега и терапија на болни од АИМ, односно Оддел за интензивна нега со монтирани 5 ѕидни монитори и 2 подвижни апарати за дефибрилација и надворешна електро стимулација.
Во 1981 година се приспособиле 2 соби како Коронарна единица со централна, интермедиерна нега и терапија, при што едната соба е опремена со монитор, апарат за кислород, вештачко дишење и аспирација.
Денес коронарната единица располага со:
14 Болнички кревети |
Подвижни монитори | 2 Дефибрилатори |
ЕКГ апарат | Апарат за сукција | 10 Инфузиони пумпи |
Во коронарна единица работат:
4 Доктори суб-специјалисти кардиолози |
1 Доктор на суб-специјализација |
6 Медицински сестри |
11 Болничари - чистачи |
2 Сервирки |
За сите пациенти на одделението, кое располага со 26 болнички кревети за мажи и 30 кревети за жени, се обезбедува 24 часовна опсервација, нега и лекување од страна на медицинските сестри ангажирани на двата болнички тракта и соодветен медицински третман од страна на докторите специјалисти кои работат во дежурства и смени. За одржувањето на хигиената на болничките простории и исхраната на пациентите се грижат болничари-чистачи и сервирки.
На 29 јануари 1983 година во ново отворениот Кабинет за коронарен стрес тест почна со работа испитувањето на исхемична болест на срцето со Тред Мил Трака. Во 2001 година добиена е донација од Јапонија со нова трака за Коронарен Стрес Тест и кабинетот е дислоциран во сутеренот на Клиничка болница во специјално адаптиран кабинет. Во овој кабинет работат: д-р.Васко Василев, д-р.Васко Мицевски, д-р.Олга Т.Деловска, д-р.Жаклина Сервини, д-р.Стевче Пармаковски и медицинската сестра Сузана Ќосевска.
На 9 јули 1980 година започна со работа Центарот за дијализа со три соби и други помошни простории. Работеше со дванаесет апарати на кои се лекуваа педесет пациенти. Во 2014 година Центарот за Дијализа се приватизира и не се наоѓа веќе во склоп на службата.
Во 1981 година започна со работа Ехотомографска лабораторија. Во 2001 година набавени се два нови ехо апарати за ехо-кардиографија и сонди за ехо на абдомен и на уринарен тракт од Јапонска помош. Со овие апарати сместени во сутеренот на болницата во кабинетот за ехо-томографија во две простории, се врши навремено дијагностицирање на пациентите од соодветните заболувања. Во кабинетот работат две медицински сестри и д-р.Васко Василев, д-р.Жаклина Сервини, д-р.Златко Блажевски, д-р.Светлана Стефановска, д-р.Петар Аврамовски, д-р.Јорго Бошев, д-р.Пеце Стефановски и д-р.Лилјана Хенту. Ендоскопијата се применува од седумдесетите години на 20-тиот век. Истата овозможува подобро дијагностицирање на причините за крварење и сопирање на крварењата во гастроинтестиналниот тракт, земање на биопсија за понатамошно дијагностицирање. Со овој апарат раководеа д-р Јован Патче и д-р Ристо Бакалинов, кои ги наследија помладите колеги д-р.Пеце Стефановски и д-р.Петко Митревски. Денес тие сеуште работат, а распишани се и две суб специјализации за д-р.Катерина Каранџуловска – Чалевска и д-р.Светлана Стефановска. Денес, Ендоскопскиот кабинет работи во две специјални простории за таа намена, во сутеренот на болницата. Се работи колоноскопија и гастроскопија со биопсија со специјален флексибилен фибероптички апарат од Јапонија.
Формиран е Центар за дијабет кој сега е дислоциран во Здравствениот дом Битола и обезбедува навремено дијагностицирање и третман на болните од дијабет. Во овој центар работат четири доктори: д-р.Лилјана Нечевска, д-р.Олга Лозановска, д-р.Мира Младеновска, др.Јулијана Томска и две медицински сестри.
Во 2013 започна со работа Центарот за реуматолошки заболувања во кој работи д-р.Марија Арсовска- Налбанти и една медицинска сестра. Кабинетот е сместен на интерното одделение.
Неколку години предходно започна со работа Центарот за астма кој го раководи д-р.Славица Настевска, д-р.Елизабета Ивановска и една медицинска сестра. Кабинетот е сместен во интерното одделение. Во него, освен прегледи, се врши и спирометрија, како и алерголошки тестирања.
Во 2012 започна со работа Кабинетот за коронарографија и периферна ангиографија со кој раководи д-р.Ненси Лозанче. Кабинетот е современо опремен со сала за интервенции, припрема на пациентот и четири болнички кревети за припрема пред интервенција. Во кабинетот работат две специјално обучени медицински сестри и два рентген техничари. Д-р.Жаклина Сервини како суб специјалист кардиолог работи во кабинетот за МПС, кој се наоѓа во службата за нуклеарна медицина.
Во амбулантскиот дел на одделението работат субспецијалистички амбуланти за: кардиологија, дигестивни заболувања, нефрологија, ендокринологија, алергологија и др. Покрај тоа, секојдневно работи специјалистичка интернистичка амбуланта во Здравствениот дом Битола со д-р.Наталија Димитрова и д-р.Марика Матлиевска и две медицински сестри во две смени. Секојдневно на Интерното одделение се вршат прегледи во Ургентната интернистичка амбуланта. Се вршат околу 20.000 прегледи годишно. Се дели парентерална терапија и се врши ЕКГ во интернистичката дневна болница. За таа цел се ангажирани сите доктори специјалисти и медицинските сестри вработени во одделот за ургентна амбуланта и дневната болница.
За да се постигнат и реализират целите и задачите на оваа служба неопходно беше обезбедување на специјалистички и субспецијалистички кадар. Заради тоа секојдневно се врши доусовршување на медицинскиот кадар, како на докторите, така и на медицинските сестри. На одделението работат:
28 Специјалисти ( од кои 1 доктор на науки, 4 магистри, 5 субспецијалисти и 3 примариуси) |
2 Доктори на специјализација |
46 Медицински сестри (18 со ВСС и 28 со ССС) |
4 Рентген техничари ( 2 со ВСС и 2 со ССС) |
11 Болничари-чистачи |
2 Сервирки |