Инфективни болести

Инфективни болести


Инфективни болести


Историја

Одделението за инфективни болести и фебрилни состојби потекнува од Заразното одделение формирано во 1945 година, но се до 1958 година болните од заразни болести биле лекувани од страна на општи лекари, педијатри и интернисти. Со доаѓањето на првиот инфектолог во Битола и воопшто во Македонија, д-р Владимир Туџаров, се формира заразното одделение како посебна организациона единица. Со доаѓањето и на други специјалисти се започнува со лекување на тогаш актуелните заразни болести како дифтерија, дизентерија, тифус, вирусен хепатит А, неуроинфекции и други заразни болести.

Организациoна поставеност

Одделението за инфективни болести и фебрилни состојби, по својата организациона поставеност, е поделено на:

  1. Стационар со:
    • Оддел за цревни инфекции
    • Оддел за вирусни хепатити
    • Оддел за неуроинфекции и антропозоонози
    • Оддел за еруптивни трески и респираторни инфекции
    • Оддел за пролонгирани фебрилни состојби
  2. Дневна болница
  3. Специјалистичка амбуланта
  4. Кабинет за ехотомографска дијагностика (со тројца специјалисти едуцирани за ехотомографски преглед на абдомен)


Високо едуциран кадар

Денес во Одделението за инфективни болести и фебрилни состојби работат 7 специјалисти инфектолози. Одделението располага со 45 кревети за стационарно болни и 15 кревети за пациенти во дневната болница.


Третмат на инфективни болести

Денес во инфективната патологија доминираат и класичните заразни заболувања како варичела, стрептококни инфекции и паротит. Но, со развојот на медицинската технологија се откриваат и доминираат во секојдневната патологија вирусните инфекции како хроничниот хепатитис Б и Ц, новите подтипови на грипот со сите можни компликации, инфективната мононуклеоза, рикециозите и други. Одделението успешно се справува со т.н. нови инфективни болести, затоа што има и централен довод на кислород и можности за спроведување на специфична антивирусна терапија.
Располага и со соба за карантин во случај на појава на карантински заболувања.


Превенција на епидемии

Согласно позитивните законски прописи одделението има одлична соработка и со Санитарната инспекција и Центарот за управување со кризи, со цел да се превентира евентуална појава од епидемии.