Вести

ЈЗУ Клиничка болница “Д-р Трифун Пановски” Битола на чело со директорката Др.Елизабета Ивановска  го честита меѓународниот ден посветен на подигање на свеста за здравјето на луѓето ширум светот кој се одбележува на 7 април секоја година, под покровителство на СЗО!

ЈЗУ Клиничка болница “Д-р Трифун Пановски” Битола на чело со директорката Др.Елизабета Ивановска  го честита меѓународниот ден посветен на подигање на свеста за здравјето на луѓето ширум светот кој се одбележува на 7 април секоја година, под покровителство на СЗО!            

Со голема почит, упатувам најискрени честитки по повод 7 април - Светскиот ден на здравјето и професионалниот празник на сите вработени во сектор медицина!          

ДРАГИ КОЛЕГИ, На денот на нашиот професионален празник, сакам да ви посакам и самите да бидете здрави, бидејќи вашата добра состојба им гарантира на сите други дека и тие ќе бидат добро.

Ви посакувам да ја продолжите долгогодишната традиција на работа во наш стил - реагирајќи брзо, адекватно, со висока професионалност во секоја ситуација, но најмногу со голема посветеност кон пациентите. Ви благодариме за се што правите за нив. Не престанувајте да им давате надеж на оние на кои им е потребна  и нека никогаш не не напуштат трпението, посветеноста и љубовта кон луѓето!

Длабок поклон пред вашата човечка и професионална посветеност!

Секојдневно продолжуваме со непоколеблива решителност да докажуваме дека ние, лекарите и здравствените работници сме извор на надеж не само за нашите пациенти, но и за целото општество.

Со неуморна и високо специјализирана работа, со компетентност и посветена грижа, продолжуваме да докажуваме дека сме стожери на највредното добро - човечкиот живот!

Ви Благодариме што секојдневно ја зајакнувате довербата во медицинските лица и го зголемувате авторитетот на медицинската професија со вашата работа и секојдневно вложување!

Ви посакувам здравје, сила и храброст! Честит 7-ми април, меѓународен ден на здравјето!

Сподели:

Клучни зборови: Светски ден на здравјето