Максилофацијална хирургија

Максилофацијална хирургија


Максилофацијална хирургија


Историја

Службата за максилофацијална хирургија е една од поново формираните служби во рамките на медицинскиот центар “Д-р.Трифун Пановски”- Битола. На самите почетоци максилофацијалната проблематиката е решавана од страна на доктори специјалисти во Службата за хируршки заболувања во соработка со Клиниката за максилофацијална хирургија во Скопје.

Со доаѓањето на првиот лекар специјалист –максилофацијален хирург д-р Јово Павловски, во 1977 година, стручноста и доменот на оваа дејност се менува.

Службата на почетокот работи во состав на Службата за хирурушки заболувања, како Отсек за максилофацијална хирургија. Од 1982 година службата претставува посебна организациона единица во рамките на Медицинскиот центар Битола, при што за прв началник е поставен д-р Ј.Павловски.


Организациона поставеност

Службата за максилофацијална хирургија ја има следната организациона структура:
  • Специјалистичка амбуланта
  • Одделение-стационар и
  • Оперативен блок


Високо едуциран кадар

Денес, Службата за максилофацијална хирургија располага со високо едуциран кадар и тоа:

3
Лекари специјалисти - максилофацијални хирурзи
1
Медицинска сестра со високо образование
6
Медицински сестри со ССС
1
Болничар