
Завршна сметка за 2024 година
12 март 2025
Службата за Патологија со цитологија е формирана во 1972 година, во рамките на Медицинскиот центар –Битола, од страна на д-р.Миладин Шулов по неговото враќање од специјализација во Загреб.
Оваа служба е лоцирана во кругот на болницата, во одделна приземна зграда, заедно со Одделот за судска медицина и ментално здравје на деца и младинци.
По смртта на д-р.Шулов, како специјалист патолог во службата доаѓа д-р.Малинко Стојановски, кој како единствен патолог во битолската болница работи се до 1990 година. Тогаш од специјализација се враќа д-р.Весна Јаневска. Во 1994 година од специјализација се враќа и се приклучува на службата д-р.Цветанка Шокларовска, додека по две години се приклучува и д-р.Дениел Поповски. Д-р.Стојановски во 2012 година заминува во пензија.
Од формирањето па се до денес, основната цел и задача на Одделот за патологија со цитологија е обезбедување на дијагностички сервис за испитување на ткаења и клетки од пациенти добиени со биопсија, хируршка ресекција, пункциона биопсија или слична процедура.
Исто така, во целите и задачите влегуваат и аутопсиите како и гинеколошката цитологија, односно дијагностицирање на доставените гинеколошки размаски по методата на Папаниколау.
Од 2008 година во одделот, покрај постоечките методи за обработка на материјалите доставени за анализа, се воведе нова метода т.н. имунохистохемиско одредување на присутни или отсутни ткивни тумор маркери за карциномите на градата и желудникот.
Одделот за патологија со цитологија организациски е поделен на:
Одделот за патологија со цитологија при Клиничката болница Битола располага со високо едуциран кадар, и тоа:
2 Специјалисти патолози |
3 Лабораториски техничари |
1 Чистач- садомијач |
1 Помошник обдуцент |
На годишно ниво во одделот се обработуваат околу 7000 анализи.
Од нов, околу 3000 се хистопатолошки анализи, 80 се имунохистохемиски анализи, 20-30 се аутопсии, додека останатите се цитолошки анализи во кои најголем број се гинеколошки ПАПА размаски.