Вести

САРИЛ е витална служба при Клиничката болница Битола.  Анестезијата , како и нејзиниот составен дел интензивното лекување, претставуваат особено важен и одговорен сегмент во лекувањето на пациентите. Целокупниот персонал кој што работи во оваа служба е високо едуциран и поседува посебни вештини за максимална посветеност во критични моменти и ситуации по животот на пациентите.

САРИЛ е витална служба при Клиничката болница Битола.  Анестезијата , како и нејзиниот составен дел интензивното лекување, претставуваат особено важен и одговорен сегмент во лекувањето на пациентите. Целокупниот персонал кој што работи во оваа служба е високо едуциран и поседува посебни вештини за максимална посветеност во критични моменти и ситуации по животот на пациентите. Напредокот на оваа служба е посебно евидентен во последните години со промената на раководната структура и тоа особено во  континуиран развој, едукација и опременост на службата. Со последната набавка на 3 нови апарати за механичка вентилација и 3 нови платформи за анестезија, само се заокружува дел од целите и барањата за напредок на оваа служба, а се за максимално, безбедно и обезбедување на квалитетни медицински услуги на пациентите. High-tech апаратура од ваков вид, обем, кавалитет и софистицираност не е набавена повеќе од 20 години за Одделението за Анестезија, реанимација и интенизвно лекување и истата претставува подобрување на квалитетна медицинска помош при лекување на пацинетите од Битола и регионот.

Dräger Savina® 300 Select   - ги комбинира независноста и моќноста на системот за вентилација управувана од турбина со софистицирани режими на вентилација. Неговиот широк спектар на функции поддржува опсег на пациенти од бебиња до возрасни. Големиот екран на допир во боја и интуитивниот оперативен систем кој се концентрира на воспоставени одлики од висока класа ја прават конфигурацијата и работата многу едноставна. Имено, се работи за набавка на  3 апарати од овај вид кои ќе се употребуваат за механичка вентилација во отсекот за интензивно лекување при САРИЛ за одржување во живот на најтешките пациенти. Овие апарати ги поседуваат моментално сите можни начини на инванзивна, неинвазивна и кислородна терапија при  механичката  вентилација, како и можноста за терапија со висок проток. Лесен за употреба и брза конфигурација, со стандардизирани кориснички интерфејс кој обезбедува доверба во користењето и го намалува времето за обука. Истиот е со брза оперативна подготвеност,  автоматска проверка со безбеден и брз почеток на вентилација  - благодарение на однапред поставената стартна конфигурација, и тоа според висината или категоријата на пациентот.

За разлика од апаратите за механичка вентилација, трите нови апарати за анестезија од моделот Дрегер - Атлан 350, се комплетни анестезиолошки платформи за работа во операциона сала, со кои се дава високо квалитетна и безбедна анестезија според светски стандарди. Благодарение на личното залагање и ентузијазмот на раководителот Др.Сотир Николовски и разбирањето и слухот на директорката Др. Елизабета Ивановска, со овие набавки се става посебен акцент на потребите и важноста за опременоста и континуираниот развој на Одделение за Анестезија, реанимација и итенизивно лекување.

ATLAN А350 е најсовремена high -tech платформа и идеална работна единица за анестезија за сите пациенти и кај сите хируршки процедури. Се користи за операции од разни профили поради широкиот опсег на можности за следење и наоѓа примена при работа со пациенти од разни возрасти и состојб, и тоа:  од предвремено родени новороденчиња - до возрасни пациенти со зголемен индекс на телесна маса. Апаратот е лесен и практичен за ракување со стандардизиран кориснички интерфејс и номенклатура која е имплементирана низ операционите сали и единиците за интензивно лекување во современата медицина. Дизајнот на платформата обезбедува максимална флексибилност за повеќе просторни распореди.

ATLAN А350 -  high -tech  апаратура за анестезиологија според најсовремени светски медицински стандарди

Безбедност на пациентот  - основна компонента на платформата за анестезија
ATLAN А350 нуди широк спектар на функционалности кои помагаат да се направи процесот на анестезија побезбеден како за пациентите така и за клиничкиот персонал.
Истовремено врши  Заштита на белите дробови - Превенција од инфекции - и се одликува со Поврзувачка технологија. 

Сподели:

Клучни зборови: Нова апаратура за анестезија