НАШАТА МИСИЈА

Мисијата на Клиничка болница Битола е да обезбеди секојдневна високо квалитетна и посветена грижа за секој пациент, во секое време.

Да обезбеди одржлив здравствен систем достапен за сите пациенти.

Секојдневно да придонесува за здравјето и благосостојбата преку обезбедување на најдобра грижа за секој пациент преку медицина базирана на докази, високo образуван кадар и примена на иновации и истражувања.

ЈЗУ Клиничка болница Битола е лидер во пружење на здраствени услуги во југозападниот регион на секундарно ниво. Со сите здравствени дејности болницата годишно опслужува преку 300.000 пациенти кои гравитираат од ова подрачје.