Офталмологија

Офталмологија


Офталмологија


Историја

Офталмологијата во Битола како медицинска дисциплина е застапена над 110 години. Во континуитет со нејзиниот развој, постои и се развива Очното одделение во Клиничката болница во Битола.

Зачетоците на офталмологијата се поврзуваат со д-р. Христиди и д-р Скантели, кои ординирале во своите ординации. Исто така и целата енергија и знаење на д-р Котевски, д-р Коњановски, д-р Дочовски, д-р Бојџиевски и д-р Козар биле насочени кон развивање и унапредување на офталмологијата во болнички услови.


Светски трендови во дијагностиката

Се отвориле повеќе отсеци и кабинети за контактологија, за ортоoптика и плеоптика, ергоофталмологија и неуроофталмологија, кои ги следат најновите светски трендови во дијагностиката и терапијата на одредени офталмолошки заболувања.


Современи методи и апаратура

Оперативата пак, посебно на катарактата, го достигна својот пик со употребата на фако методата.

Почнувајќи од ICCE преку ECCE па се до PHACO, се крупни чекори кои ги направи oчното одделение во Клиничката болница во Битола. Новите апарати и новите специјалисти се уште еден чекор напред во достигнувањето на највисоките резултати во лекувањето на очните заболувања.

Со 24.000 прегледи годишно, над 1000 големи операции и 500 мали хирушки интервенции, Очното одделение при Клиничката болница во Битола е рамо до рамо со Универзитетската Очна клиника и болницата “8-ми Септември” во Скопје, како по број на интервенции, така и по квалитет.


Високо едуциран кадар

Денес, Очното одделение располага со високо едуциран кадар и тоа:

9
Специјалисти
1
Специјализанти
1
Дефектолог
12
Медицински сестри
2
Болничари