Лабораторија

Лабораторија


Лабораторија


Акредитација и сертификати

Одделот за лабораториска дијагностика е втора лабораторија од Jавните Здравствени установи во Република Македонија која се здоби со меѓународен сертификат за акредитација и компетентност на медицински лаборатории МКС EN ISO 15189:2013, со сертификат број МЛ - 007 по EN ISO 15189:2013.

Акредитацијата беше спроведена од страна на институтот за акредитација од Република Македонија, која е членка на ILAC (International Laboratory Accreditation Coorporation) и IAF (International Accreditation Forum) од страна на меѓународна комисија.

Одделот за лабораториска дијагностика учествува во национални и меѓународни програми за надворешна контрола на квалитетот: Prevecal – BioSystems S.A. од Шпанија за биохемиските анализи и IQAS Roche Diagnostics (Hellas) S.A. авторизиран од Sysmex Europe GmbH, каде покажува голема точност на резултатите во лабораториските испитувања.

Покрај надворешните контроли, одделот за лабораториска дијагностика извршува редовна внатрешна контрола на сите автоматизирани лабораториски анализатори. Со ова се прави дополнителна контрола за сигурност во точноста на изработените анализи и издадените резултати на сите пациенти.


Отсеци

Во Оддел за лабораториска дијагностика се изработува широка палета на хематолошки, биохемиски и имунолошки испитувања

Одделот за лабораториска дејност е поделен на четири дела:

  • Отсек за биохемија, кој вклучува одредување на голем број на параметри од областа на биохемијата
  • Отсек за хематологија, кој вклучува одредување на параметри за комплетна крвна слика, ретикулоцити, еозинофили, тестови на периферна крв ,осмотска резистенција,окултно крварење, голем број на параметри во урина и многу други
  • Отсек за имунологија, кој вклучува одредување на голем број на туморски маркери, хепатални маркери и хормони
  • Отсек за прием и аналитика на примероци, кој врши земање на крв на амбулантски пациенти од градот како и од целиот југозападен регион на Република Македонија и прием и подготовка на биолошки материјали од сите оддели од Клиничката Болница Битола


Издавање на резултати

Резултатите, зависно од времето кое е потребно за изработување на анализата, се изработуваат најдоцна во рок од 24 часа или се готови истиот ден до 13:30 часот. Резултатите се подигнуваат секој работен ден, од 13:30 до 15:00 часот. За итни пациенти, бремени жени и мали деца, анализите се изработуваат во најкраток можен рок.

Овозможено е и електронско издавање на резултати преку порталот moezdravje.mk. На избраната страница се означува здравствената установа во која се извршени медицински испитувања (ЈЗУ Клиничка болница Битола). Со клик на стрелката ↑,, влез во порталот ,, пријавете се со вашето корисничко име (ЕЗБО – електронскиот број од вашата електронска здравствена картичка) и лозинка (ЕМБГ – вашиот единствен матичен број).