Донации

Госпоѓата Марија и господинот Томас Русенгрен од хуманитарната организација ХЕНД ТИЛ ХЕНД од Шведска повторно ја посетија Клиничка Болница Битола. Уште еднаш ја изразија својата хуманост кон нашите вработени.

Госпоѓата Марија и господинот Томас Русенгрен од хуманитарната организација ХЕНД ТИЛ ХЕНД од Шведска повторно ја посетија Клиничка Болница Битола. Уште еднаш ја изразија својата хуманост кон нашите вработени. Денес добивме донација од 32 пара на чизми за ХТЗ ОПРЕМА од Шведско производство. Оваа донација е наменета за вработените од техничката служба и општиот сектор при Клиничка Болница Битола. Госпоѓата Марија кажа дека ова е специјална нарачка на ваков вид чизми и еден пар кошта околу 350 евра. Голема донација од нивна страна но уште поголемо задоволство на изразот на лицата на нашите вработени. Од нивно име како и од името на менаџерскиот тим на Клиничка Болница Битола уште еднаш  изразуваме голема благодарност за донацијата.

Сподели:

Клучни зборови: Хуманитарна организација, Донација, ХЕНД ТИЛ ХЕНД од Шведска