Вести

Во Клиничка Болница Битола после подолг период од над 10 години се направи операција на проширени вени кај пациентка родена 1975 год. Операцијата се изврши со стрипери за еднократна употреба набавени од клиничка болница Битола според најновите стандарди за оперативен третман.

Операцијата на проширени вени влегува во редовен елективен програм и се воведува редовна амбуланта за васкуларна хирургија,како почеток на идниот оддел за васкуларна хирургија при службата  за хирушки заболувања. Во постапка е и набавка на васкуларни инструменти со цел комплетирање на васкуларни сетови за проширување на дејноста во иднина.

Сподели:

Клучни зборови: Клиничка болница Битола, операција на проширени вени