Вести

Откако група вработени во Клиничката болница Битола самоиницијативно и волонтерски се организираа за да го уредат работниот простор во детското одделение, фотографиите објавени на социјалните мрежи на кои се гледа дека вклучените не штеделе ниту време ниту енергија за да создадат поубаво катче за најмладите пациенти во Битола, всушност поттикнаа и нови донации.

Откако група вработени во Клиничката болница Битола самоиницијативно и волонтерски се организираа за да го уредат работниот простор во детското одделение, фотографиите објавени на социјалните мрежи на кои се гледа дека вклучените не штеделе ниту време ниту енергија за да создадат поубаво катче за најмладите пациенти во Битола, всушност поттикнаа и нови донации.

Група медицински сестри и други вработени во болницата, на чело со главната медицинска сестра Радмила Бајовска, покажаа што значи да се даде придонес кон заедницата. Со тоа се поттикнаа и нови позитивни иницијативи во интерес на зголемување на квалитетот на болничкото лекување во Битола. Акцијата вроди со плод дополнително и заради тоа што покрај стручноста која ја нудат битолските лекари за секој пациент е мошне важен и амбиентот во кој се врши лекувањето.

Ова е особено важно кога се работи за лекувањето на децата. ,,Кога во јавност излегоа фотографии дека сестрите самоиницијативно се вклучија во уредувањето на работниот простор, после тоа имаше позитивни реакции од јавноста. Се јавија женски организации од Австралија, кои поттикнати од овој настан одлучија дел од средствата собрани на женска забава да ги донираат за детското одделение во Битола. Стапивме во контакт со нив и средствата се веќе собрани.,,-вели главната медицинска сестра Радмила Бајовска.

Таа посочува дека донаторите покрај тоа што сакале да донираат за детското одделение во Битола, тие сакале донацијата да биде строго наменска, односно да се донира нешто што е навистина потребно. ,,Пред да ја реализираат донацијата прво ни побараа фотографии за да видат кои се проблемите во детското одделение. Во ова одделение има една стара дрвена врата, која ние ја нарекуваме историска поради тоа што е толку многу стара. Колку за илустрација колку е стара ќе кажам дека сите ние ја паметиме уште откако бевме деца. Оттука, женските организации решија да донираат во тој дел, така што таму ќе се постави една современа електронска врата која ќе биде дизајнирана во духот на детското оделение и современата педијатрија.,,-вели Бајовска, нагласувајчи дека токму реакциите на социјалните мрежи и постираните фотографии по акцијата за уредување од страна на медицинските сестри ги поттикнале донаторите да помогнат.

Но, заложбите на Клиничката болница Битола не застануваат тука. Контиунирано се работи на нови иницијативи кои и натаму треба да ја подобруваат состојбата во детското одделение, но и воопшто во целата Клиничка Болница. ,,Детското одделение во Клиничката болница во Битола беше во очајна состојба. Ние стапивме во контакт со наши пријатели, донатори од Австралија. Се работи за градежна фирма од каде што веќе изразија желба да помогнат во градежни работи во детското одделение. Видоа каква е состојбата и го фотографираа детското одделение. Исто така со помош на Ротари клубот Широк сокак се договоривме да го уредат дневниот простор за дечињата. Целта на таквото уредување е тој дел да се изолира според соодветни стандарди, односно децата да не се мешааат со останатите пациенти. Работиме на тоа и строго се држиме до тоа секој градежен зафат да биде во рамките на стандардите што се предвидени од страна на санитарната инспеција, но и сите други стандарди предвидени за простории за болничко лекување.,,-вели Бајовска.

Паралелно се работи и на уредување на другите оддели во болницата каде за тоа има потреба. ,,Интерните амбуланти во подрумите беа во многу лоша состојба. Имаше забелешки и од пациентите. Исто така со помош на донација го реновираме овој дел. Подот е комплетно променет. Сега останува да се изврши бојадисување, да се адаптира просторот и да се осовремени. За таа цел предвидено е поставување на ентериерни елементи со цел да се добие една пријатна атмосфера за пациентите.,,-вели директорот на Клиничката Болница д-р Зоран Лазаров, кој посочува дека е задоволен од реализираните проекти во соработка со целиот менаџерски тим во изминатите осум месеци. ,,Сметам дека е доста направено, при што на прво место би нагласил дека ја сменивме климата во болницата. Направивме една позитивна клима која ја чуствуваат и вработените и пациентите.,,-вели Лазаров.

 

Сподели:

Клучни зборови: Иницијативи, санации, детско, одделение, донации, медицински, сестри, Клиничка, болница, Битола