Вести

Денеска во Клиничката болница Битола се одржа редовен работен состанок со Марија
и Томас Русенгрен, големи хуманитарци кои досега преку хуманитарната организација
од кралството Шведска “Хенд Тил Хенд” обезбедиле многу донации за битолската
болница.

Денеска во Клиничката болница Битола се одржа редовен работен состанок со Марија и Томас Русенгрен, големи хуманитарци кои досега преку хуманитарната организација од кралството Шведска „Хенд Тил Хенд“ обезбедиле многу донации за битолската болница.

„Работниот состанок беше искористен за координација за понатамошни заеднички акции се за доброто на нашите пациенти и битолчани. Во оваа прилика на хуманитарката Марија со битолско потекло, која е наш партнер, соработник и донатор, сакаме да и се заблагодариме за досегашната соработка и се надеваме за уште поуспешна соработка во иднина. Пациентите пред се.“ - рече директорот на Клиничката болница Зоран Лазаров.

 

Сподели:

Клучни зборови: Клиничката болница Битола, Работен состанок, Хуманитарна организација, „Хенд Тил Хенд“ Шведска, Донации