Вести

Во рамките на проектот ПериМак кој Министерството за здравство го имплементира во соработка со Проект Хопе, како и Мастер планот за перинатално здравје добиена е донација за Клиничка болница Битола согласно барањата на директорката Др. Елизабета Ивановска како и потребите на одделот на чело со раководител Др. Елизабета Чипуровска.

Во рамките на проектот ПериМак кој Министерството за здравство го имплементира во соработка со Проект Хопе, како и Мастер планот за перинатално здравје добиена е донација за Клиничка болница Битола согласно барањата на директорката Др. Елизабета Ивановска како и потребите на одделот на чело со раководител Др. Елизабета Чипуровска.     
Донацијата беше предадена на користење со присуство на Министерот за здравство Др.Илир Демири како и претставници на проектот HOPE (Хоуп) при нивна посета на Клиничка болница Битола, каде со директорката Др.Елизабета Ивановска, Др.Елизабета Чипуровска   и преостанатите присутни се разви дискусија за потребите на Клиничка болница Битола како и можностите за понатамошни донации од страна на Министерството за здравство и претставниците на проектот и истата се состои од два родилни боксови на расклопување, вакуум екстрактор, апарат за КТГ запис, два кардио-респоираторни монитори, 3 вормери за новородени, ваккум аспиратор за новородени, 2 гинеколошки столови за преглед и две светла за преглед и истите веќе се  во употреба при Оддел за гинекологија и акушерство и одделение за неонатологија.

Министерот Др. Илир Демири, претставниците на проектот HOPE (Хоуп)           и директоркатa Др.Елизабета Ивановска го посетија Одделот за Гинекологија  и акушерство и одделение за неонатологија предводени од страна на др.Елизабета Чипуровска,  која  се погрижи целокупниот процес на инсталација на донираната опрема да биде извршена така што истата час поскоро ќе започне да се користи од страна на персоналот, бидејќи ваквата опрема како што и самата посочи е неопходна за унапредување на нивото на здравствената заштита на новородените и на самите родилки.

„Заради местото, улогата и големото значење на нашата клиника за гинекологија и акушерство како и одделението за неонатологија, здравствениот систем на градот Битола и поширокиот регион, неопходно е таа постојано да се осовременува, да биде во тек со најсовремените медицински достигнувања и да се обезбедуваат соодветни стандарди за третман и нега на пациентите -  со што придонесуваме кон обезбедување здрави поколенија и одржлива иднина за сите.  За ваквото достигнување свој придонес денес ни дава Министерството за здравство и фондацијата Хопе, преку конкретна поддршка која што е една од најголемите донации во овој оддел во последните години, за што, јас, во името на нашата клиничка болница, нејзиниот персонал и пациентите искрено им Благодарам“ - изјави директорката Др.Елизабета Ивановска.

„Донираната опрема претставува неопходност за оддел за Гинеколгија и акушерство за што сме благодарни и истата ќе ја користиме со цел да обезбедиме подобри здравствени услуги кон нашите пациенти. Ова опрема ќе ни биде од голема корист имајќи предвид дека во нашиот оддел за гинекологија, акушерство и неонатологија, здравјето на пациентите како на родилките така и на новородените секогаш треба да биде на високо ниво. “ - изјави др.Елизабета Чипуровска и заедно со заедно со директорката Др.Елизабета Ивановска им врачија благодарници на Министерот за здравство Др. Илир Демири и на претставниците од проектот HOPE (Хоуп).

„Нашата определба како и обврска како Министерство за здравство да донираме и да работиме за потребите на здравството е искрена и и се надевам дека ќе биде долгорочна. Таа произлегува од желбата да го помогнеме здравствениот систем во сите клиники низ државата и да ја вратиме довербата на пациентите во јавното здравство. Посебно не радува фактот што целата донирана опрема ќе биде користена при обезбедување на создавање на подобри услови за третман и здравствена заштита на мајките и новородените. “ - изјави Министерот за здравство Др.Илир Демири.

Галерија во прилог:

Сподели:

Клучни зборови: Нова опрема, Одделение за финекологија