„КС Групацијата” од Битола во чии состав се „Голд Фелициа”, „Голд Слот”, „Евротип”, „КС Сервис” и „Премиум Сејфти Солушн” од Битола се залага за општествена одговорност и помош на институциите со цел нивно поуспешно работење. КС Групација заедно со Минт Групација и Ротари клуб Битола Широк Сокак остварија донација при Одделението за педијатрија при ЈЗУ Клиничка болница Битола, како втора фаза од донацијата која групацијата ја оствари предновогодишно во истото одделение.
Планираната донација од два професионални инхалатори беше остварена со посета на самото одделение, кадешто претставниците на КС Групацијата, Минт Групацијата и Ротари клуб Битола Широк Сокак беа пречекани од страна на Раководителката на Одделението Др. Елена Велјановска и персонал на Клиничка болница Битола.
Инхалаторот кој го донира „Голд Фелиција” е набавен со парите од Новогодишниот хуманитарен базар кој се одржа во луксузниот амбиент на „Голд Фелиција”. Хуманитарниот базар беше организиран во соработка со Ротари Клубот - Битола Широк Сокак и приватната детска градинка „Мали Чекори”
Директорката Др. Елизабета Ивановска, истакна дека ова донација, ќе биде од голема помош за децата кои се хоспитализирани, на кои им е потребен инхалатор за време на нивната хоспитализација и лекување во одделението за педијатрија и истиот е огромна помош при полесно инхалирање на потребните медикаменти или физиолошки раствор. Станува збор за донација на два професионални инхалатори кои ќе ја задоволат и покријат потребата на Одделението за педијатрија при бронхитис, разни респираторни болести, лекување на астма, воспаление на белиот дроб, алергија и други воспаленија.
Истотака им се заблагодари на „Ротари клуб Широк Сокак” и на КС и МИНТ Групациите и за нивната заложба за донирање при ЈЗУ Клиничка болница Битола, истата се надева на понатамошна успешна соработка со нив.
Менаџерскиот тим на групацијата сака да акцентира дека „Нашето малку за некого е многу” и повикува на поголема општествена одговорност кај сите компании. Инхалаторите ќе бидат од голема важност при секојдневното работење со малите пациенти.
Нашата групација сака да биде пример за сите останати компании и со личен пример да поттикне промени во општеството. - КС и Минт Групација.