Вести

Болестите кои го зафаќаат човековото око од типот, очен притисок, глауком и слично може да доведат до делумен губиток на периферниот вид, сѐ до трајно губење на истиот. Глаукомот може да ви го оштети видот пред дури и да сфатите дека имате болест.

Болестите кои го зафаќаат човековото око од типот, очен притисок, глауком и слично може да доведат до делумен губиток на периферниот вид, сѐ до трајно губење на истиот. Глаукомот може да ви го оштети видот пред дури и да сфатите дека имате болест.

Брзото и навременото дијагностицирање на “тивокиот крадец на видот“ – ГЛАУКОМОТ , како  и третман е неопходно за најдобар исход при лекувањето. Единствениот начин да проверите дали имате глауком е да одите на редовни очни прегледи.


Одделението за офталмологија при ЈЗУ Клиничка болница Битола и Очната Клиника од Скопје, ќе ја одбележат светската недела на глаукомот 10-16 Март, со реализација на  бесплатно мерење на очен притисок и инструкции за понатамошно лекување, во Битола на плоштад Магнолија и тоа во Вторник на 12-ти Март со почеток од 10:00 се до 17:00 часот.       
Ги повикуваме сите лица кои припаѓаат во ризик групата и тоа: 

  • Лица на возраст над 45 години;
  • Присуство на глауком во семејството;
  • Пациенти со покачен крвен притисок, хипотиреоза, дијабетес;
  • Честа и долготрајна терапија на кортикостероиди;
  • Лица со повреди на очите;
  • Лица со очна инфекција;
  • Лица со блокирани крвни садови во внатрешноста на окото;

Возрасни лица над 65 години, добро би било да се контролира очниот притисок на секои две години, независно на тоа дали има појава на симптоми;

Појавата на глаукомот најчесто е со неспецифични симптоми или асимптоматска, поради што, превенцијата, а посебно раното откривање, е основата во борбата против глаукомот!

Сподели:

Клучни зборови: Бесплатен преглед на очен притисок