
Од 18 до 22 Јуни 2023-та година во Националниот дворец на културата во Софија Р.Бугарија, докторот Димче Марковски раководител на одделение за ОРЛ при ЈЗУ Клиничка болница Битола, го посети 29-тиот научен Европски ринолошки конгрес во организација на ЕРС - здружението на ринолози од Европа, и истиот се оджува на секои две години. Здружението го надградува својот успех со инспиративна и збогатувачка научна програма такашто обезбедува интернационални делегати - лектори : доктори ринолози, ОРЛ хирурзи, алерголози, имунолози, хирурзи на база на череп, пластични хирурзи, лекари од примарната здравствена заштита, научници и здравствени соработници.
Др. Димче Марковски беше поканет лектор од страна на Здружението на ринолози, истиот се претстави со со орална презентација на тема: Корелација меѓу Хеликобактер пилори со назални полипи, за којашто освои награда - сребрена монета со логото на Бугарското ринолошко друштво, како најсериозен преставник од Република Северна Македонија.
Презентација “Корелација меѓу Хеликобактер пилори со назални полипи”.
Регистрирани учесници на конгресот - Др. Димче Марковски.
Национален дворец на културата - Софија.
Претседател и организатор на конгресот.
Сребрена монета со логото на Бугарското ринолошко друштво - награда за најсериозен претставник од РСМ на Др. Димче Марковски.