
Новогодишна атмосфера веќе се чувствува во Клиничката Болница. Денес убав гест од страна на Бугарскиот Конзулат. Ги израдуваа најмладите наши пациенти на детското одделение како и дечиња кои се згрижени на другите одделенија во ЈЗУ Клиничка Болница. Бугарскиот Конзул Господинот Димитар Иванов им подари новогодишни пакетчиња и подароци и им посака многу здравје. Од името на вработените во Клиничка Болница Битола како и од името на најмладите наши пациенти им се заблагодари Директорот Др. Зоран Лазаров.