Донации

Семејството Ковачевски од Битола денес со голема донација во ЈЗУ Клиничка Болница Битола. Имено, тие целосно го реновираа машкиот оддел на хирургија  и тоа целосна санитарија, водовод, целосна опрема на сите болнички соби, средување на ѕидовите, нови душеци, TV, постелнина, реновирана е и работната соба, реновирани гардеробите за вработените, реновирани се ходниците.

Семејството Ковачевски од Битола денес со голема донација во ЈЗУ Клиничка Болница Битола. Имено, тие целосно го реновираа машкиот оддел на хирургија  и тоа целосна санитарија, водовод, целосна опрема на сите болнички соби, средување на ѕидовите, нови душеци, TV, постелнина, реновирана е и работната соба, реновирани гардеробите за вработените, реновирани се ходниците. Голема благодарност од името на сите пациенти за подобрените услови за престој на хирушкото одделение како и  благодарност од сите вработени за подобри услови за работа. Менаџерскиот тим при ЈЗУ Клиничка Болница Битола раководена од директорот Др. Зоран Лазаров  на семејството Ковачевски им додели Благодарница. Директорот денес искажа голем восхит што едно битолско  ценето семејство се вложи за битолчани. Се надеваме дека по примерот на семејството Ковачевски за Битола ќе се одважат и други семејства кои можат и сакаат да бидат хумани. ОД БИТОЛЧАНИ  ЗА БИТОЛА. Да и  го  вратиме  сјајот на  клиниката  нашата  гордост на  градот и  пошироко бидејќи сите  сме  потенцијални  пациенти. Уште еднаш голема благодарност до семејството Ковачевски за оваа хуманитарна мисија.

Сподели:

Клучни зборови: Донација, Семејство Ковачевски, Клиничка болница Битола