Вести

Во посета на ЈЗУ Клиничка Болница Битола  во соработка со здружението на анестезиолози од нашата држава неколку дена работно  престојуваше  проф. д-р. Олег Туркот анестезиолог  од болницата  JOHN HOPKINS oд Балтимор USA.

Во посета на ЈЗУ Клиничка Болница Битола  во соработка со здружението на анестезиолози од нашата држава неколку дена работно  престојуваше  проф. д-р. Олег Туркот анестезиолог  од болницата  JOHN HOPKINS oд Балтимор USA. Во рамките на својата посета работеше со наш  анестезиолошки тим со цел обука и следење на понатамошна самостојна работа  спроведувајќи ги најновите протоколи на регионална анестезија со периферни блокови под ултразвук со цел да се избегнат компликациите на општата анестезија. Посебен акцент беше ставен на најновиот протокол  за спинална анестезија кај царски рез со пенцил поинт игли со кој се избегнуваат постоперативни главоболки кај родилките. Најголем акцент и како најзначајно во неговата посета беше ставена обуката на нашиот тим на спроведување на безболно породување со епидурална аналгезија кај сите пациентки кои се породуваат спонтано.Ова беше посебно барање од страна на менаџерскиот тим при нашата болница  во името на младите пациентки кои во изминатите години тоа го бараат, а за тоа даваат многу финансии по приватните клиники.Сакам да потенцирам дека наш тим од анестезиолози раководен од началникот на анестезиолошката служба Др.Мимоза Гелевска  во соработка со младите ентузијасти  гениколози од нашата болница   направија  вакво породување по најнов протокол ,а следат и уште неколку во наредните денови, но најважно е тоа што  наскоро оваа доста  барана услуга ќе влезе како услуга  по мој термин и ќе биде достижна за сите идни млади  мајки. Девизата на Др.Тургот овие дена  беше: "САКАМ СРЕЌНО ЛИЦЕ НА ЖЕНАТА КОЈА ЈА ОЧЕКУВА РАЃАЊЕ"  тоа нека е девиза и на сите вработени во ЈЗУ Клиничка Болница Битола заедно со сите идни мајки кои ќе се одлучат  кај нас да го слушнат безгрижно првиот плач на нивната принова.

Сподели:

Клучни зборови: Посета, Д-р Олег Туркот, Болница John Hopkins Балтимор САД