Донации

Новата 2018 година Клиничката болница Битола ја пречека подновена со донација на болнички кревети, медицински апарат, хирушки инструменти и други медицински помагала. Се работи за нова донација од шведската невладина организација ,,Хенд тил хенд,, која што досега во неколку наврати донира во болницата во Битола.

Новата 2018 година Клиничката болница Битола ја пречека подновена со донација на болнички кревети, медицински апарат, хирушки инструменти и други медицински помагала. Се работи за нова донација од шведската невладина организација ,,Хенд тил хенд,, која што досега во неколку наврати донира во болницата во Битола.

Дополнително е значајно што донацијата, покрај тоа што ќе одговори на тековните потреби во неколку болнички одделенија, истата е вредна цели 150.000 евра, што е значајна сума на поддршка.

Од Клиничката болница во Битола посочуваат дека целта на донацијата е подобрување на условите за пациентите. Донацијата се состои од 24 кревети за одделението за интерна медицина, еден апарат за одделението за неврологија, хирушки инструменти за отворена хирургија за одделенијата по хирургија, ортопедија и гинекологија, медицинска опрема за една употреба, како мантили, операциони капи, маски итн. ,,Соработката со хуманитарната организација ,,Хенд тил хенд,, од Шведска продолжува и понатаму. Деновиве добивме опрема, која што е премногу значајна за нашата болница и која што е исто толку многу значајна и за нашиот град. Со оваа донација практично ќе се подобрат условите во болницата со цел пациентите да бидат што позадоволни. Оттука, ќе бидат подобрени условите во повеќе служби во Клиничката болница Битола. Во одделението за интерна медицина кое што има капацитет за 108 пациенти почетно се донирани 24 болнички кревети. Исто така еден апарат кој што долги години го баравме за потребите на службата за неврологија, тоа е ЕКГ и ЕЕГ апаратот. Добивме и голем број на хирушки инструменти наменети за отворена хирургија. Тие ќе бидат распределени во одделенијата за хирургија, ортопедија, гинекологија. Во оваа донација исто така имаме и добар дел производи наменети за една употреба, како што се хирушки мантили, операциони капи и маски во случаи и за елементарни непогоди. Оттука, оваа донација е од големо значење за нашата болница. Овој пат се работи за донација вредна околу 150.000 евра.,,-вели Радмила Бајовска, Главна сестра во Клиничка Болница Битола.

 

Сподели:

Клучни зборови: донација, шведска, клиничка. болница, битола