Донации

Клиничката болница Битола во текот на месец март треба да добие нова донација преку хуманитарната организација ,,Хенд тил хенд,, од Шведска.

Клиничката болница Битола во текот на месец март треба да добие нова донација преку хуманитарната организација ,,Хенд тил хенд,, од Шведска.

Хуманитарката Марија Русенгрен, по потекло битолчанка која денес живее во Шведска, преку оваа хуманитарна организација досега во повеќе наврати посредуваше вредни донации да стигнат  во битолската Клиничка болница. Откако на крајот на минатата година беше донираше медицинска опрема вредна над 300.000 евра, сега се подготува нова донација со која што болницата ќе добие нови медински апарати и болнички помагала кои треба да го унапредат секојдневното работење со пациентите. ,,Што се однесува до Клиничката болница Битола ние имавме средба со директорот Зоран Лазаров, како и со други претставници на менаџментот на болницата. Таа средба беше организирана минатиот понеделник и се договоривме на почетокот на март да донесеме нова донација која што ќе има уште поголема вредност. Предвидено е да се донираат нови апарати, кревети, помагала и други потребни елементи.,,- вели хуманитарката Русенгрен и посочува дека досега само во Клиничката болница во Битола имаат реализирано донации во вредност од 900.000 евра.

Донациите се реализираат во партнерство со болницата на тој начин што прво се детектираат потребите, а потоа се настојува да се одговори на истите, со цел болницата да добие донации во вид на она што и е најпотребно. ,,Исто така заедно со Клиничката болница Битола имаме во план да започнеме и со други проекти кои што ќе значат поголеми зафати. Но за тоа да се реализира прво сакаме заедно со управата на болницата да ги разгледаме потребите, а потоа да се оди на реализација. Во секој случај досега сме реализирале повеќе донации во Клиничката болница во Битола и вооопшто во Битола, и од досегашното искуство сакам да нагласам дека сме презадоволни од тоа што Општина Битола и градоначалничката Наташа Петровска ни укажаа голема поддршка за да можат овие донации непречено и брзо да се реализираат. Досега со сите и во општината, и во Клиничката болница, но и воопшто во Битола каде што реализираме донации имаме беспрекорна соработка и тоа создава услови да имаме подобри резултати на активностите кои што ги спроведуваме. Откако во болницата има ново раководство ние имаме реализирано три донации од вкупно пет реализирани во текот на целиот период од нашата соработка.,,-вели Русенгрен.

Инаку, ЈЗУ Клиничка Болница ,,Д-р Трифун Пановски,,- Битола веднаш по назначувањето на менаџментот предводен од директорот Д-р Зоран Лазаров, ја интензивираше соработката со оваа хуманитарна организација од Кралството Шведска, така што преку битолчанката Марија Русерген и нејзиниот сопруг Томас Русерген досега стигна вредна апаратура за повеќе одделенија во болницата, како гиникологија, интензивна нега, неонатологија, педијатрија, физикална медицина, ортопедија и други. ,,Со овие донации се задоволуваат дел од потребите што ги имавме како болница. Понатамошните донации според плановите што ги имаме, ќе бидат уште повредни. Сето ова ќе биде наменски искористено за повеќе одделенија во болницата.,,-вели директорот Лазаров.

Покрај другото, оваа хуманитарна организација досега донираше и кревети, душеци, постелнина, помагала и медицински апарати од шведско производство и врвен квалитет.

 

Сподели:

Клучни зборови: донација, клиничка, болница, битола