Вести

При ЈЗУ Клиничка болница Битола и Одделението за ортопедија и трауматологија на 20.01.2024 година пристигна нов артроскопски столб, како помош од Министерството за здравство на РСМ, а на барање на началникот на одделението Др. Маргарита Видевска и директорката на Клиничка болница Битола  Др. Елизабета Ивановска.

При ЈЗУ Клиничка болница Битола и Одделението за ортопедија и трауматологија на 20.01.2024 година пристигна нов артроскопски столб, како помош од Министерството за здравство на РСМ, а на барање на началникот на одделението Др. Маргарита Видевска и директорката  на  Клиничка болница Битола Др. Елизабета Ивановска. Тоа е најсовремен артроскопски столб на фирмата Smith & Nephew со LCD екран направен по највисоките стандарди за артроскопски интервенции на колено, рамо и скочен зглоб. Овој вид на артроскопски интервенции при ЈЗУ Клиничка болница Битола се прават уште од 1995 година и заради застареност на апаратите, истите во последниве години стагнираа. Со добивањето на овој современ апарат и секако со вработувањето на младите лекари како и  нивната специјализација по ортопедија, наскоро артроскопските интервенции ќе станат рутински операции во нашата болница, такашто упатувањето на  пациентите во други болници за ваквов вид на интервенции повеќе нема да биде пракса.

Системот за хируршка слика LENS 4K  на Smith & Nephew  е хируршка видео платформа со најнова 4K технологија, дизајнирана за спортска медицина (интервенции на колено, рамо, скочен зглоб) и мултиспецијалистички центри за артроскопски и ендоскопски процедури.

Истиот се квалификува со одличен квалитет на слика 4K UHD1 и мрежно поврзување во конзола 3-во-1 за повеќе специјалистички средини, природна резолуција 3840 x 2160, системот LENS 4K обезбедува детални слики со четири пати повеќе HD пиксели и преку 1 милијарда бои (10 бита) создавајќи импресивни бои, репродукција, јасност на сликата и зголемена длабочина на поле 1,2.

Предности на high tech артроскоп -  LENS 4K

• Четири пати поголема резолуција на пиксели од HD и преку 1 милијарда бои кои креираат живописни слики и репродукција на бои

• Новодизајниран, ергономски, модерен и лесен за ракување

• 4K UHD Smith+Nephew's комерцијален 3-CMOS сензор (комплементарен метал оксид полупроводник),  дизајниран да ги намали артефактите и ја оптимизира резолуцијата

• Подобрена Smith+Nephew 4K обработка на слики во реално време, дизајниран да го намали одблесокот и зголемена длабочина на поле

• Контролирани  функции и слика на камера,  управување надвор од стерилно поле со LENS Connected Tower апликација

• Флексибилна интеграција и поврзување опции за поддршка на уникатен работен тек

Министерствоо за здравство на РСМ и Клиничката болница „Др.Трифун Пановски “ - Битола, континиурано вложува во обезбедување на нови и современи медицински технологии.
Донациите во опрема и добра од страна на  Министерството за здравство се добредојдени во нашата институција, истите претставуваат опрема која ќе биде користена од нови и млади стручно обучени медицински лица кои ќе помогнат во подобрување на квалитетот и животниот стандард на нашите пациени, граѓаните на град Битола и регионот.       
Изразувам голема благодарност кон министерот и Министерството за оваа нова донирана опрема.        
Новите апарати и достигнувања се уште еден чекор во достигнувањето на највисоки резултати при лекувањето на нашите пациенти. Еден од предизвиците на кој сме сконцентрирани  континуирано да делуваме е токму тој - обезбедување на нова и современа апаратура и замена на веќе постоечката во сите оддели и одделенија на нашата Клиничка болница.      
Здравјето на нашите граѓани е основа за здраво општество - Др. Елизабета Ивановска, Директор на ЈЗУ Клиничка болница Битола.

Сподели:

Клучни зборови: Опрема, Одделението за ортопедија и трауматологија, ЈЗУ Клиничка Болница Битола