По повод новогодишните празници на 17.12.2023-та година по втор пат се одржа Новогодишен базар - настан кој е организиран во соработка со приватната детска градинка „Мали чекори“ и „Ротари клуб Широк Сокак“ и истиот е со хуманитарен карактер. За да биде комплетна оваа слика, како опшествено одговорни компании овој базар беше поддржан од КС Групацијата составена од “Голд Фелициа“, “Евротип“, “Голд Слот“, “КС Сервис“, „Агро Брод“ и „Premium Safety Solution“. Собраните средства ќе се донираат во Одделение за детски болести при Клиничката Болница во Битола и тоа во две фази - пред нововгодишно во форма на новогодишни пакетчиња за дечињата кои се хоспитализирани и пост новогодишно - кога поголемиот дел од собраните средства наменски ќе бидат донирани во опрема при Одделението за детски болести. Програмата на Новогодишниот базар содржеше разни активности, забава за најмалите дечиња - караоке и претстава за децата, а возрасните уживаа во вкусот на печените костени, варено вино и топла ракија како и многу други изненадувања. На овој настан исто така се пријавија и други помагатели, и иститот беше од голема посетеност каде што уште еднаш се докажа хуманитарната страна на Битолчани.
Маректинг менаџер на КС Групацијата - Елена Трајчевска, Оливера Пандаровиќ - од приватната детска градинка Мали Чекори и Претседателката на „Ротари клуб Широк Сокак“ - Проф.др.Моника Марковска, на ден 20.12.2023 година го посетија Одделението за педијатрија каде беа пречекани од директорката Др. Елизабета Ивановска, Главана сестра на болница Сузана Ќосевска, Раководител на Одделение Др.Елена Велјановска и преостанати вработени при истото одделение, кои при тоа донираа новогодишни пакетчиња за најмалите кои се хоспитализирани на тоа одделение - а со тоа ја финализираа првата фаза од донацијата.
При нивната посета се разговараше за понатамошната фаза од донација за неопходна опрема во истото одделение каде бе договорени спецификациите и потребите на одделението.
Директорката Др. Елизабета Ивановска, истакна дека ова донација, ќе ги израдува најмалите - дечињата кои се хоспитализирани, ќе им донесе топлина и радост за време на новогодишните и Божиќните празници, и истотата им се заблагодари и во име на вработените на „Ротари клуб Широк Сокак“ на КС групацијата и за нивната заложба за донирање при ЈЗУ Клиничка болница Битола, истата се надева на понатамошна соработка со нив, и истакна дека празниците и новогодишните подароци претставуваат радост за сите.