Вести

ЈЗУ Клиничка болниа Битола на челo со директорката Елизабета Ивановска се приклучи кон одбележувањето на јубилејот така што упати  пофални зборови и честитка кон службата и нејзините вработени: Постојат концепти дека времето нема моќ над должноста, професионалноста и одговорноста. И сето ова важи за вашата служба. Почитта сè уште не подлежи на години. Прифатете ја мојата искрена почит и желби да го гаите духот на создавањето здравје кај нашите ценети пациенти. 
Честит јубилеен еден век од постоењето!

ЈЗУ Клиничка болниа Битола на челo со директорката Елизабета Ивановска се приклучи кон одбележувањето на јубилејот така што упати  пофални зборови и честитка кон службата и нејзините вработени: Постојат концепти дека времето нема моќ над должноста, професионалноста и одговорноста. И сето ова важи за вашата служба. Почитта сè уште не подлежи на години. Прифатете ја мојата искрена почит и желби да го гаите духот на создавањето здравје кај нашите ценети пациенти.
Честит јубилеен еден век од постоењето!

Службата за дермато-венеролошки заболувања познатa како Одделение за дерматовенерологија при ЈЗУ Клиничка болница „Др.Трифун Пановски“- Битола, една од најстарите во државата, го започна чествувањето на едновековниот јубилеј од нејзиното постоење со објавување на електронски алманах со фотографии од персоналот. Во него на сликовит начин е прикажана историјата и смената на генерациите во оваа служба која за првпат како државна амбуланта започнала со работа во 1925 година. Во 2025 година, службата ќе наврши сто години од своето постоење и служба кон граѓаните, за што во следниот период ќе бидат организирани повеќе пригодни настани.

Историјат и персонал :
Државната амбуланта за лекување работела и во времето на окупацијата во отежнати услови. Во 1958 година Дерматолошката амбуланта работела два пати неделно, со хонорарен лекар, специјалист, кој доаѓал од Прилеп, додека Венеролошката амбуланта работела секојдневно, со лекар од Битола. Кожната амбуланта традиционално, од самиот почеток до денес се наоѓа во просториите на Здравствен дом „Др. Хаим Абраванел“. Во 1966 год. ја водел прим.Др.Спиридон Џамбазовски од Прилеп, додека Венеролошката амбуланта, од 1968 год. ја водел Др.Петар Димитров (раководител на Службата од 1972-1989год.).  Хоспитализација на болните се вршела во Прилеп. Во 1968 год. почнал да работи лекар специјалист дерматовенеролог, Др.Ставро Османли (раководител на Службата од 1989-1996 год.) и се формирал комплетен диспанзер за дермато-венеролошки заболувања кој работи перманентно до денес.

Во 1972 год. се отворило болничко одделение за лекување сместено во просториите на болницата „Др.Трифун Пановски“со капацитет од 18 болнички кревети. Истата година дошло до затварање на стационарот во Прилеп, па така, Битола станала втор град во Македонија со сопствен стационар во кој се хоспитализирале болните од Битола, Прилеп, Ресен, Охрид, Струга, Кичево, Крушево, односно целиот југо-западен регион.

Во 1983 год. службата се здобивала со уште еден специјалист, Прим.Др.Мирко Литовски (раководител на Службата од 1996-2009), па во 1984 год. со спец. др. Натка Гроздановска со што се комплетирал стационарното и диспанзерско лекување. Свој придонес кон диспанзерското лекување дале и лекарите-секундарци Др.Дијана Ѓоргиевска од 1986 год. и Др.Јелка Ѓеорѓиевска од 1988 год. и двете до 2000 година.

Во 1989 год. во Службата се вработила спец. Др.Горка Мирчевска (раководител на Службата од 2015 -2017), а во 1991, Др.Нина Стефановска (раководител на Службата од 2009-2015) и Др.Евдокија Коцева, која по кусо време заминала во приватно здравство. Во 2000 год како специјалисти дошле др. Дијана Ѓоргиевска ( раководител на Службата од 2017 до денес) и Др.Елка Ѓоргиевска. Со проектот на Министерството за здравство за вработувања од приватно во јавно здравство, во 2013 се вработуваат како лекари специјалисти Др.Фани Нашокова и Др.Александра Торкова-Танасковска. Во 2021 год. во тимот се приклучува Др.Дејан Петровски, а во 2023 како специјалист се приклучува и Др.Виолета Андреевска. Моментално одделението брои вкупно 13 вработени од кои: 6 доктори специјалисти на чело со раководител на одделение Др.Дијана Ѓоргиевска, и 7 медицински сестри со високо и средно образование, со одговорна сестра Снежана Димовска.  

„Согласно годишните програми на Службата, во изминатите години, специјалистите се обучуваат на полето на дермоскопија, медицинско-естетска дерматологија, алергологија и варикологија. На тој начин се проширува видот и обемот на стручни услуги и ќе се подобри квалитетот на лекување на пациентите“, изјави  началничката Др.Дијана Ѓоргиевска, специјалист дермато-венеролог.

Денес општа дерматолошка амбуланта е сместена во просториите на Здравствен дом „Др. Хаим Абраванел“ и работи преку Мој термин и ги дава следните услуги: дерматолошки прегледи, венеролошки прегледи, криотерапија со течен азот, електрокаутеризација, дермато-онкологија (дермоскопија), совети по дермо-козметика, актино-терапија и алергологија/ печ тестови.

Болнички дел е во склоп на Клиничката болница и е наменет за пациенти кои имаат потреба од лекување на кожни болести во болнички услови.

Ротаракт клубот од Битола по повод Меѓународниот ден за борба против сидата, одржа хуманитарен настан, средствата кои се собрани на тој настан ќе бидат донирани во Одделението за дерматовенерологија по повод јубилејот еден век од постоењето.

Во прилог дел од фотографиите од алманахот:

 

Сподели:

Клучни зборови: Јубилеј, Дерматовенерологија