Вести

Светскиот ден на науката е меѓународен ден кој ја истакнува улогата на науката во самото општеството и јубилејно се одбележува секоја година на 10 ноември. Овој ден има за цел да ја подигне свеста за важноста на науката во секојдневниот живот на човештвото, ја истакнува  потребата од вклучување на пошироката јавност во дискусиите за новите научни прашања и на посебен начин ја истакнува улогата на самите научниците, кои ја играат најважната улога во проширувањето на основите на науката.

Светскиот ден на науката е меѓународен ден кој ја истакнува улогата на науката во самото општеството и јубилејно се одбележува секоја година на 10 ноември.
Овој ден има за цел да ја подигне свеста за важноста на науката во секојдневниот живот на човештвото, ја истакнува  потребата од вклучување на пошироката јавност во дискусиите за новите научни прашања и на посебен начин ја истакнува улогата на самите научниците, кои ја играат најважната улога во проширувањето на основите на науката.     
Светскиот ден на науката на Битолскиот Универзитет “Св.Климент Охридски”  оваа година се одбележа во нов формат, со динамизирана афирмацијата на науката и со целосно отворање на Универзитетот кон поединци и организации кои се занимават со наука и истражувачка дејност.

На свечена седница на Комисијата за наука и меѓународна соработка на УКЛО, која се одржа на 10.11.2023 година, помеѓу  25 пријавени како потенцијални научнии за приклучување на УКЛО мрежата беа прифатени три наши доктори со кои УКЛО потпиша меморандум за соработка , и тоа:

  1. 1. Професор доктор на медицински науки, примариус специјалист интернист Др.Петар Аврамовски,
  2. 2. Доктор на медицински науки специјалист по гинекологија и акушерство Др.Маја Аврамовска,
  3. 3. Доктор специјалист по општа хирургија Др.Стефан Талев - основач на научна асоцијација на самостојни граѓани


И тројцата се доктори во ЈЗУ Клиничка болница Битола.


Др.Петар Аврамовски потпиша меморандум за соработка на самата прослава со Ректорот Игор Неделковски, додека пак на другите членови им беа врачени потпишани меморандуми за научна соработка. Клиничка болница Битола со овие меморандуми на соработка доби силна конекција со Универзитетот преку ново избраните научни соработици. Нивните научни трудови кои досега беа евидентирани во престижните светски списанија и во базите на : eCris, ResearchGate, Google Scholar, сега веќе ја красат веб страната на на УКЛО т.е нивниот репозиториум.
Голема чест за Клиничка болница Битола е што верифицира двајца научници и една научна институција формирана од доктор вработен при истата, а уште поголема чест е тоа што името на Клиничка болница Битола е асоцијација за научни трудови од кои најдобриот е цитиран во светско списание : The Lancet (eBiomedicine) кој се вбројува во првите 5% од најдобите списанија во светот.






Имено Др.Петар Аврамовски има богато работно искуство како доктор специјалист интернист во Оддел за Интерни болести при ЈЗУ Клиничка болница Битола и тоа над 36 години, каде успешно го надоградувал своето знаење и медицинска практика.
Автор на над 65 и коавтор на над 35 трудови.  Редовен соработник во „ЕМИТЕР“, индексирано научно списание и  член на Македонското друштво на научници од 2009 година.
https://mnd-bitola.mk/примариус-д-р-сци-мед-д-р-петар-аврамов/

Др.Петар Аврамовски е добитник на многубројни награди, меѓу кои од МОН во 2016-та добил награда за 3 (три) објавени  научно-истражувачки трудови кои се објавени во еминенти научни списанија.

Линк кон листата на научно-истражувачки трудови на професор Д-р Петар Аврамовски:

https://scholar.google.com/scholar/avramovski+petar

Следен доктор која се приклучи на научно истражувачката мрежа на УКЛО е нашата, Доктор на медицински науки специјалист по гинекологија и акушерство Др.Маја Аврамовска, вработена во ЈЗУ Клиничка болница Битола во Оддел за гинекологија и акушерство, истакнат и еминетнтен доктор која во текот на своето 6 годишно работење во ЈЗУ Клиничка болница Битола се докажа како доктор специјалист кој може да одговори на професионалните потреби на Оддел за гинекологија и акушерство. Истата е автор и коавтор на многубројни научни публикации и трудови кои се објавени во емиентни научни печатени и онлајн списанија.

Линк кон листата на научно-истражувачки трудови на Д-р Маја Аврамовска:

https://www.researchgate.net/profile/Maja-Avramovska

Др.Стефан Талев кој се приклучува на УКЛО научната мрежа како претставник на Научната асоцијација на граѓани кои ќе обавуваат научна дејност. Доктор Стефан Талев е еминентен и докажан доктор во својата професија и истиот има над 18 години години работно искуство како специјалист по општа хирургија во Оддел за општа и детска хирургија при ЈЗУ Клиничка болница Битола и истиот е основач на научна асоцијација на самостојни граѓани, чија главна цел и мисија се поттикнување и афирмација на научноистражувачката мисла и промовирање на науката. Автор е и коавтор на многубројни научни публикации и трудови кои се објавени во емиентни научни печатени и онлајн списанија.

Линк кон листата на научно-истражувачки трудови на Д-р Стефан Талев:

https://www.researchgate.net/profile/Stefan-Talev

Светот се менува и во согласност со него, се менуваат и навиките, потребите и очекувањата. Токму затоа иновациите, новите научни достигнувања и примената на науката претставуваат неопходни промени за човештвото. Токму науката е најзаслужна за иновациите кои ги поместија границите и научните откритија што го променија вообичаениот начин на функционирање на секојдневието.
Јзу Клиничка болница Битола инвестирала во квалитетен кадар и продолжува да дава мотивација и поддршка на науката, творењето и научно-истражувачките трудови на научниците кон заедничките цивилизациски цели и вредности.

Сподели:

Клучни зборови: Светски ден на науката, ЈЗУ Клиничка болница - Битола