Вести

Два нови апарати од ваков вид набавени за прв пат од страна на директорката Др. Елизабета Ивановска во соработка со раководителот на Служба за Анестезија, реанимација и интензивно лекување.

Клиничката болница „Др.Трифун Пановски “ – Битола, континиурано вложува во обезбедување на нови и современи медицински технологии. Сите оддели во болницата ги опремуваме со високо софистицирана медицинска опрема која е последен збор на медицината. Новите апарати и достигнувања се уште еден чекор во достигнувањето на највисоки резулати во лекувањето на нашите пациенти. Тоа е голем предизвик, за сите нас - ЈЗУ Клиничка болница Битола.

 

Два нови апарати од ваков вид набавени за прв пат од страна на директорката Др. Елизабета Ивановска во соработка со раководителот на Служба за Анестезија, реанимација и интензивно лекување - Др. Сотир Николовски - и двата доктори кои секогаш се во тек со новите сознанија, примената на новите технологии и методи во лекувањето, со цел на олеснување на целокупната  работа и водење кон квалитетна изведбата на интервенции со кои ќе се зголеми ефикасноста во лечењето на пациентите и тоа за потребите на Службата за анестезија, реанимација и интензивно лекување при Клиничка болница Битола.

Станува збор за систем за неинвазивна респираторна поддршка - висок проток на кислород HFNC (High Flow Nasal Cannula) и систем за ултразвучна дијагностика - Vscan Air CL.

 

HIGH FLOW NASAL CANNULA
Апаратот со висок проток на кислород HFNC (high flow nasal cannula) е систем на неинвазивна респираторна поддршка кој доставува загреан, навлажнет кислород до пациентите.

Се користи при спонтано дишење кај пациенти кои имаат потреба за кислород при повисоки стапки на проток.

Најчесто се користи при следните индикации: Респираторна инсуфициенција Тип 1 - хипоксемија, Пред-оксигенација за време на индукција на анестезија, Апнеа вентилација за време на ОРЛ случаи, Постекстубација во ICU, Постоперативна респираторна поддршка итн.

 

Vscan Air CL

Ултразвучниот апарат Vscan Air е еден од најсовремените wireless системи за ултразвучна дијагностика , кој работи на батерии. Апаратот овозможува ултразвучно снимање, визуелизација и мерење на анатомските структури и течности со кристално јасна слика и перформанси.

Vscan Air се состои од сонда со две глави која ги интегрира и конвексен и линеарен трансдјусер, како и апликација која може да се инсталира на мобилни уреди со Android или iOS. Неговата џебна преносливост и едноставен кориснички интерфејс овозможуваат едноставно ракување во сите здравствени установи (на пр. болници, клиники, медицински ординации ) како и домашна средина, патна/воздушна амбуланта и во други средини.

Vscan Air може да се користи и за разни интервентни процедури. Овај апарат обезбедува исклучително чисти и квалитетни слики за поддршка на раната дијагностика, мониторинг на третмани и помага при брзо одлучување за превземање на следен чекор при лекување, заштедувајќи го времето на пациентите такашто нуди попрецизна дијагностика и ја намалува потребата за скапи и инвазивни процедури за снимање.

Новиот апарат Vscan Air нуди безжична слобода и максимална преносливост. Неговата мала, лесна и безжична двојна сонда обезбедува практично, долготрајно и флексибилно рачно решение при ултразвук.
 


Висок проток на кислород HFNC (High Flow Nasal Cannula) & систем за ултразвучна дијагностика - Vscan Air CL.
 


Систем за ултразвучна дијагностика - Vscan Air CL
 


Раководител на Служба за Анестезија, реанимација и интензивно лекување - Др.Сотир Николовски
- во работна атмосфера -
 


Служба за анестезија, реанимација и интензивно лекување (САРИЛ)
 

Сподели:

Клучни зборови: Нова апаратура, САРИЛ