Донации

Ултрасоничен професионален инхалатор наменет за болнички услови донираше советникот од СДСМ, Борче Корлевски заедно со неговото семејство на Одделението за педијатрија во Клиничката болница во Битола. Инхалаторот е наменет за најмладите пациенти со респираторни проблеми.

,,При средба со началничката Оливера Груевски ми кажа дека е неопходно за нејзината служба и за дечињата на Битола да има ваков апарат кој ќе опслужува на најквалитетно ниво деца кои имаат проблеми со респираторните патишта“ рече Корлевски.

Од Одделението за педијатрија му доделија благодарница и изразија надеж дека ваквиот чекор на Корлевки ќе поттикне и други хумани битолчани да донираат за ова служба и во болницата.

Инхалаторот е набавен од странство и чини околу 60.000 денари за што Корлевски донираше четири свои советнички хонорари.

„Одлучив она што го добивам како советник да биде од граѓаните за граѓаните. Вредноста на апаратот е колку четири месечни хонорари околу 60.000 денари. Набавен е од Србија и од денес е во функција за потребите  на нашите најмили, дечињата”, рече тој.

Корлевски заедно со сопругата донираа и новогодишни кеси за децата пациенти на Одделението.

Сподели:

Клучни зборови: Донација, Одделение за педијатрија