Вести

На 28.06.2023 година, член на семејството на Генералниот конзул на Р.Бугарија во Битола од 2018 до 2023-та година,  беше примен на одделението за ургнетна медицина со потреба од лекување.

На 28.06.2023 година, член на семејството на Генералниот конзул на Р.Бугарија во Битола од 2018 до 2023-та година, беше примен на одделението за ургнетна медицина со потреба од лекување.
Дежурната екипа на тоа одделение направи итни анализи и испитувања и на лицето му укажа прва помош. Според совет на доктор лицето беше задржано на понатамошно испитување и медицински третман при ЈЗУ Клиничка болница Битола. Како што и се утврди, советот на докторот за хоспитализација на лицето се воспостави дека е правилна одлука, бидејќи истото имаше зголемени параметри на црниот дроб и истите претставуваат опасност по животот на лицето.


“Благодарение на приложената грижа и напорите од страна на докторите и медицинскиот персонал, лицето се стабилизира и на 01.07.2023 година отпатувавме за Софија.

Ви Благодарам Вам и на целиот тим на доктори и медицински сестри во болницата за високиот професионализам и хуманиот пристап при лекување на лица со итни здравствени проблеми.

Најдобри желби за многу здравје за вас и за целиот персонал на Клиничка болница Битола, и ви посакувам да имате уште поголеми успеси во вашата благородна и хумана професија.

Со почит - Генерален конзул на Р. Бугарија во Битола од 2018-2023 година - г-дин Димитар Иванов“


Благодарност од страна на директорката Др. Елизабета Ивановска и персоналот на ЈЗУ Клиничка болница Битола до Генераланиот конзул на Р. Бугарија, г-дин Димитар Иванов за неговите упатени зборови, укажаната благодарност и довербата во нас.

Ние ЈЗУ клиничка болница Битола, стоиме на располагање на сите пациенти кои имаат потреба за лекување или медицинска помош во нашата институција.

Сподели:

Клучни зборови: Јавна Благодарност