Вести

Работејќи континуирано  со цел да излеземе во пресрет на исполнување на барем дел од нашите цели и остварување на зацртаните планови за иден развој и одржливост на нашата Клиничка болница Битола, ви најавуваме наполнување на персоналот кој моментално функционира, такашто со тоа ќе го поттикнеме унапредувањето на здравствената заштита низ развој на дијагностички, терапевтски и истражувачки активности од страна на нови визитинг доктори.

Работејќи континуирано со цел да излеземе во пресрет на исполнување на барем дел од нашите цели и остварување на зацртаните планови за иден развој и одржливост на нашата Клиничка болница Битола, ви најавуваме наполнување на персоналот кој моментално функционира, такашто со тоа ќе го поттикнеме унапредувањето на здравствената заштита низ развој на дијагностички, терапевтски и истражувачки активности од страна на нови визитинг доктори.

Директорката Др. Елизабета Ивановска наиде на разбирање на потребите на болницата кои ќе је олеснат моменталната ситуација за недостиг на доктори специјалисти, такашто се обезбедија нови доктори специјалисти и супспецијалисти кои имаат големо работно искуство и се докажани и посветени професионалци со врвна експертиза. ЈЗУ клиничка болница Битола е на патот на успешен пресрет на потребите на нашите пациенти во соработка и поддршка од стана на Министерот и Министерството за здравство.

Новиот визитинг медицинскиот кадар е искусен, стручно оспособуван и е со голем потенцијал за натамошен напредок на одделите и одделенијата при лекување на граѓаните на Битола и регионот.

 


 

Одделение за педијатрија е комплетирано со три визитинг доктори кои ќе вршат специјалистички здравствени услуги од областа на педијатријата:

- Др. спец. Емилија Манасиевска

- Др. спец. Теута Усеини Авди

- Др. спец. Верица Костовска

Докторите доаѓаат од ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата Козле, и тоа ќе овозможи непрекината деноноќна служба на Одделението за педијатрија и негова функција 24/7, и истите започнуваат со дежурства од сабота, 17.06.2023 година.

Во одделението за педијатрија продолжува со своите визитинг дежурства доктор спец. Педијатар од неонатолошко одделение Општа болница - Прилеп - Др. Роза Ковилоска.

Грижата за здравјето на децата претставува долгорочна инвестиција за нашето општество!

 


 

Во Одделение за неврохирургија збогатен е искусниот тим на неврохирурзи и тоа со визитинг доктори кои ќе вршат специјалистички здравствени секундарни и терциерни услуги од областа на неврохирургијата и тоа:

- Проф. Др. спец. Томи Камиловски

- Др. спец. Благој Шунтев

- Др. спец. Фатмир Елези

- Доцент Др. спец. Владимир Рендевски

Докторите доаѓаат од ЈЗУ Универзитетска Клиника за неврохирургија-Скопје, истите користат најсовремени методи и работат според светски стандарди при интервенции од областа на неврохирургијата. Моментално одделението за неврохирургија располага со доволен број медицински персонал кој може да одговори на предизвиците на лесни неврохирушки случаи, како и интервенции од посложен карактер.

Докторите се на распоред за дежурства на одделението за неврохирургија за месец јуни 2023 година. За информации поврзани со потребите од доктори специјалисти неврохирурзи ве молиме обратете се на службениот телефонски број на Одделение за неврохирургија: 071 213 488.

 


 

ЈЗУ Клиничка болница Битола ве информира дека Оддел за општа хирургија и детска хиругија ја има целовкупната апаратура и инструменти кои се потребни да одговори на предизвиците и проблемите предизвикани од торакални и васкуларни заболувања и истиот оддел доби напополнување на стручниот тим на специјалисти и супспецијалисти хирурзи.

Доктор супспецијалист кој е вработен ЈЗУ Универзитетска Клиника за торакална и васкуларна хирургија Скопје и воедно истиот ја извршил првата операција на проширени вени во ЈЗУ Клиничка болница Битола во 2018-та година.

- Др. супспец. Мишел Андов - васкуларна и торакална хирургија

Соработката со истиот доктор продолжува и во иднина и истата ќе се интензивира бидејќи постои обострана желба, а се во функција на пациентите кои се соочуваат со васкуларни и торакални здравствени проблеми .

 


 

Со постојаниот стручен, кадровски, просторен, технички и економски развој на болницата создадени се услови успешно да се лекуваат сите видови заболувања со најсовремени дијагностичко-терапевтски методи, континуитет кој ќе се потрудиме да го одржиме и во иднина.

 

Сподели:

Клучни зборови: Надополнувања од доктори специјалисти, Клиничка болница Битола