Вести

Клиничката болница Битола позитивно ја оцени најавата на министерот за здравство Венко Филипче за воведување на повисоки стандарди во работењето во областа на гинекологијата. Имено, министерот за здравство Венко Филипче како една од мерките за намалување на смртноста кај мајките и бебињата препорача болниците од Битола, Тетово и Штип да не препраќаат родилки во Скопје.

Клиничката болница Битола позитивно ја оцени најавата на министерот за здравство Венко Филипче за воведување на повисоки стандарди во работењето во областа на гинекологијата. Имено, министерот за здравство Венко Филипче како една од мерките за намалување на смртноста кај мајките и бебињата препорача болниците од Битола, Тетово и Штип да не препраќаат родилки во Скопје.

Нагласуваат дека е добро што битолската клиничка болница ќе биде акредитирана како родилиште, бидејќи со тоа се унапредуваат условите кои што инаку ги имаат општите болници. “Во моментов ние ја имаме само изјавата на министерот, но во наредните денови чекаме да бидеме известени како конкретно ќе се постапува според овие мерки. Очекуваме да има и обуки за тоа. Досега гинеколошкото одделение работеше во рамките на Клиничка болница Битола. Во текот на оваа година според европски стандарди Клиничките болници во Битола, Штип и Тетово ќе бидат акредитирани како родилишта, а не како општи болници во чии рамки функционира гинеколошко одделение. Тоа значи дека ќе бидат применети повисоки стандарди. Исто така значи дека тоа што го има во Скопје ќе го има и во овие родилишта низ земјата, а се надеваме на повеќе од тоа. Оптимизмот е голем во однос на ова прашање. Оттука, Клиничка Болница-Битола ја поздравува одлуката на министерот за здравство Венко Филипче и горди сме што ќе бидеме акредитирана Клиничка Болница, и сите мерки дадени од министерството за поголема грижа на родилките и новороденчињата ќе ги прифатиме и ќе ги примениме.,,-вели Сузана Коневска, портпарол на Клиничка Болница-Битола.

Секое родилиште ќе има живото-спасувачки лекови за мајки и бебиња, а родилки нема да се препраќаат од Битола, Штип и Тетово во Скопје, најави министерот Филипче при презентација на краткорочните и долгорочните мерки за намалување на смртноста кај новороденчињата и родилките. Од Клиничка Болница- Битола посочуваат дека тоа и досега не се правело во голем обем, односно се правело само во случаи со поголеми компликации кај родилките. ,,Во Скопје од страна на Клиничка Болница во Битола се препраќаат мал број на родилки, само оние кои имаат поголеми компликации. Инаку, досега во 2018 година немаме смртен случај на родилки, ниту на новороденчиња. За ланската година нема почината родилка, а имаме пет смртни случаи на новороденчиња, но причините се од аномалии кај новороденчињата. Во контекст на изјавата на министерот за нови вработувања, сакам да ја поздравам одлуката, бидејќи со тоа ќе се зголеми грижата за родилките и за новороденчињата. Најчестите причини поради кои се препраќаат родилки од Клиничка Болница-Битола на клиниката во Скопје се предвремено родени бебиња кои си носат и свои компликации, потоа возраста на мајката, ин-витро, компликации кои настануваат со видот и слухот на предвремено родените деца.,,- вели портпаролката на Клиничка Болница-Битола.

Во здравствени установи во Скопје, Битола и Гостивар, ќе се отворат и бесплатни школи за родителство, кои ќе ги обучуваат младите родителите за потребите на нивните бебиња. Школата во Скопје ќе се отвори во Битола во Клиничката болница. Во рамки на школите ќе вклучат и патронажни служби заедно со обучен и стручен тим од педијатри, гинеколози и акушерки. ,,Во обуките акцент ќе се стави на здрав начин на исхрана на бремените жени, совети за подготовка за породување, нега и исхрана на новороденчето, значење на доењето и други корисни работи.,, – изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој претходно соопшти дека мерките за подобрување на состојбата во родилиштата и зголемување на грижата за бремените жени и бебињата ги изработиле во соработка со Фондот за население на Обединетите Нации. „Во секое време во родилиштата мора да има достапни живото-спасувачките лекови за мајките и новороденчињата, согласно листата на СЗО и УНФПА. Утврдивме дека дел од ваквите лекови не се регистрирани во Македонија, а и тие што се, не секогаш се достапни во родилиштата. Со усвојување на стандардите за гинеколошките ординации на примарно и секундарно нивно, како и за родилишта во болниците и во клиниките, ќе гарантираме дека жените и мајките ќе добиваат квалитетни здравствени услуги. Клиничките болници во Тетово, Штип и Битола ќе нудат еднакво квалитетни услуги како ГАК. Поради недостиг на кадар или недоволна обука, сите пациенти оттаму се препраќаа во Скопје, и клиниката е преоптоварена“, рече Филипче.

Во краткорочните мерки, кои Министерството ќе ги имплементира во рок од три месеци се ревидирање на упатството за постапување при пост – породилно крварење, подготовка на упатства за следење на ризичните состојби во текот на бременоста, клинички упатства за постапување при сепса, проблеми со коагулацијата на крвта во текот на бременоста и за време на породувањето, упатства за постапување при покачен притисок кај мајката комбиниран со високо ниво на протеини во крвта. „Во моментов нема упатство за унифициран третман за крварење при породувањето, кое се смета за една од најчестите причини за смртност на мајките. А компликациите од сепса, коагулација на крвта и висок крвен притисок се главни причини за смртност кај родилките. Во Македонија недостигаат клинички упатства за постапување во вакви живото – загрозувачки ситуации. Ги ревидиравме и болничките упатства за нега на штотуку родените бебиња.“-рече министерот.

Во рок од три месеци треба да се спроведат и обуки на обучувачи за ефикасна грижа на штотуку родените бебиња од врвни експерти на СЗО и УНФПА. Во рок од шест месеци министерството ќе реализира обуки на стручниот кадар за ефикасна грижа на родилките и новороденчињата, како и неонатолошки обуки на педијатрите на секундарно ниво, согласно препораките на СЗО. „Ќе бидат обучени и професионалци за примена на методологијата на СЗО за ревизија на мајчината смртност и сериозни компликации врзани со бременоста, породувањето и периодот по тоа. Ќе изработиме и план за воведување на мобилни гинеколошко акушерски услуги за ранливите категории на граѓани. Така ќе го следиме здравјето на бебињата, чии родители не се во можност редовно да ги носат на педијатар. Поради недостиг на педијатри во неонатолошките и педијатриски одделенија, во следните шест месеци ќе вработиме доктори кои се на крај со специјализацијата или кои веќе специјализирале. Во следните 12 месеци според стандардите за родилишта ќе ги акредитираме најголемите родилишта во земјава, односно ГАК во Скопје, болницата во Чаир, и трите клинички болници во Тетово, Битола и во Штип. Во овие пет здравствени установи се случуваат дури 80 отсто од породувањата, иако Македонија има вкупно 26 родилишта.“-рече Филипче.
 

 

Сподели:

Клучни зборови: родилиште, клиничка, болница, битола